Прославениот црногорски ракометен играч и стручњак Веселин Вујовиќ може да стане спортски директор на Вардар 1861. Поранешиот тренер на црвено црните е без ангажман по заминувањето од Загреб, а самиот рече дека во следниот период ќе го гледаме во поинаква улога, што можеби беше само навестување за доаѓање во Скопје каде според повеќе извори може да биде наследник на Едуард Кокшаров. Ако се покаже точно и трансферот се оствари Вујовиќ повторно ќе сеоработува со претседателот Михајло Михајловски и Стефче Алушевски, само сега во променети улоги.