Верушевски не одговори – кој, зошто и како ги сечел, лепел и монтирал „бомбите“.

Екс-разузнавачот Зоран Верушевски не објасни каква страотна модификација претпеле бомбите, што беше негов исказ на претходното рочиште за Случајот „Таргет- Тврдина“, како сведок на обвинителството. Наместо дообјаснување кое го најави и Заев, Верушевски обвини дека експремиерот Никола Груевски бил мозокот на мрежата за нелегалното прислушување.

-СЈО во овој предмет направи круцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит, вината треба да се бара во побегнатиот азилант во Унгарија, Никола Груевски, кој со тешко срце го именувам…рече Верушевски.

Верушевски одбегнуваше конкретно да одговори од кого и во каква форма ги добиле прислушкуваните разговори во 2010, ама посочи дека документацијата што ја поседува СЈО била минорна минорна во однос на тоа што го поседувале како што рече, тројцата бегалци.
По завршувањето на рочиштето Верушевски не сакаше да одговори на новинарските прашања, ама најави прес- конференција за да се дообјаснел.

На следното рочиште премиерот Зоран Заев треба да одговара на прашањата на одбраната и обвинителството за неговите сознанија за нелегалното прислушување во УБК.

Ивана Соколовиќ Најдова