Веро доби престижно признание за потикнување на индивидуалната филантропија

Компанијата Веро доби значајно признание од СОС Детско село за поттикнување на индивидуалната филантропија во 2020 година на годинешниот настан „Едно семејство“ што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска по повод Меѓународниот ден на солидарноста.
Признанието за Веро дојде како резултат на хуманитарната донаторска акција што ја организираше компанијата на почетокот од оваа учебна година, во која потрошувачите купуваа училишни материјали во Веро маркетите и со тоа донираа средства во фондот за СОС Детско село. Собраните средства во фондот се наменети за образовните потреби на децата и младинците згрижени во СОС Детско село, со што Веро уште еднаш ја потврди својата заложба да им пружа помош на најранливите групи во општеството.

  • Хуманитарните акции што ги иницира Веро се насочени кон лицата кои во одреден момент имаат најголема потреба од поддршка, со посебен акцент на најмладите бидејќи тие се нашата иднина. Но, уште позначајно е што преку нашите акции се трудиме да ја развиваме свеста на граѓаните за големината на човечката солидарност и да го поттикнеме секој поединец или група да делува во рамките на своите можности. Солидарноста и грижата за другите добија особено значење во овој период на пандемија, но за Веро тоа е насоката кон која компанијата секогаш се движи, придонесувајќи за позитивни промени во општеството – истакна Петар Денковски, генерален директор на Веро.
    Компанијата Веро како општествено одговорна компанија и во услови на пандемија ќе продолжи да иницира и реализира хуманитарни активности посветени на ранливите групи. Оваа компанија силно верува во начелото на СОС Детско село дека ниту едно дете не треба да расте само и во согласност со компаниското начело „Се грижиме едни за други“ ќе продолжи да им дава поддршка на најмладите давајќи придонес кон напредокот на целата заедница.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста