Венко Филипче не сакал да коментира: Приватен живот била забавата со Зоран Заев и Харис Џиновиќ во Дубаи
Приватен живот, кој не сакал да го коментира, била забавата на Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев со пејачот Харис Џиновиќ во Дубаи.
-Апсолутно не сакам да коментирам работи од мојот приватен живот, изјави Филипче.
Во ист стил на лидерот одговорија и од неговата партија.
-Станува збор за приватна посета и нема да коментираме приватни посети, велат од СДСМ.
Поврзаноста на СДСМ со Дубаи по изгледа не е од сега. Во повеќе македонски медиуми веќе одамна кружат информации дека Зоран Заев наводно ги селел своите бизниси во Дубаи. Дека својата дејност ја шират во Обединетите арапски емирати, пред нешто повеќе од три години потврди и Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер.
-Јас сум на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка, кажа Трајче Заев во април 2021-ва година.
Според српските медиуми објавеното видео веројатно е од 25-ти или 26-ти октомври од хотелот Хилтон во Дубаи, каде Харис Џиновиќ имал своите настапи.
Матеја Петровски