Венгер наследник на Куман на селекторското столче во Холандија?

Арсен Венгер би можел да ја презеде селекторската функција на Холандија од Роналд Куман. 70-годишниот француски стратег е веќе во преговори со Фудбалскиот сојуз на Холандија, и е кандидат број еден за наследник на Куман, кој наскоро пак ќе биде промовиран за нов тренер на Барселона. Венгер, по две децении на клупата на „топчиите“, во 2018 година го напушти Арсенал и во моментов како стручен консултант е вклучен во неколку проекти на ФИФА и УЕФА.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста