Венгер го откачи Лион

Арсен Венгер одбил да го преземе Лион од летото, пренесе „Телефут“.

Францускиот клуб му предложил на 69-годишниот поранешен менаџер на Арсенал да ја преземе функцијата по очекуваното заминување на Бруно Женезио во текот на летото, но Венгер не бил заинтересиран за позицијата.

Познатиот стратег е без работа од мај 2018-та година, кога го напушти Арсенал по 22 години на чело на клубот