Велосипедист во Битола се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода

На 10.09.2020 во 06.42 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на ул.„Билбилкамен“ во Битола помеѓу патничко возило марка „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од с.Воѓани, општина Кривогаштани, и велосипед управуван од Р.С.(53) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста