ВЕЛКОВСКИ ПОУСПЕШЕН ОД РИСТОВСКИ И АДЕМИ, РИЕКА ПРЕКУ ДИНАМО (З) ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД ХРВАТСКИОТ КУП

Дарко Велковски го доби македонскиот дуел во Хрватскиот куп и ќе игра во полуфиналето за разлика од Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои беа поразени во големото дерби. Риека славеше со Динамо Загреб со 3-1 и во новиот круг оди на Горица додека во другара пресметка се Осијек и Хајдук на Јани Атанасов. Инаку на Максимир реагираа експресно и денеска го сменија Дамир Крзнар и за прв тренер го поставија досегашниот координатор на младинските школи Жељко Копиќ, но многумина велата дека сега само се чека да падне договор со словенечкиот селектор Матјаж Кек.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста