Велковски најави решавање на хуманитарната мизерија во „Ранка Милановиќ“

Велковски најави решавање на хуманитарната мизерија во „Ранка Милановиќ“

Поранешниот објект на „Ранка Милановиќ“ , установата во која некогаш се сместуваа деца со проблематично однесување оставен на времето. Во крајно нехумани услови денес  живеат лица кои се диво населени таму  и  со години бараат властите да направат нешто за нив и да им овозможат подостоинствен живот.

„Во полураспаднати згради живеат десетици луѓе, чија мизерија не се опишува со зборови. Живеат во смет, пластика, отпадоци, без основни услови, а ниту една институција нема точна евиденција за тоа колку луѓе живеат во објектот на поранешниот дом Ранка Милановиќ“.

Овие лица ги посети техничкиот министер за труд и социјала. Велковски е свесен дека во изминатите седум години државата не направила ништо  за овие граѓани  кои всушност требаше да бидат само привремено сместени во објектот.  Вети дека ќе почнат со решавање на проблемот.

„Во овој момент она што можам јас како министер да го направам, поради тоа што ова е техничка влада и јас како министер не можам многу работи да сменам во оваа ситуација, но веќе сум во комуникација службите во општина Гази Баба за да ни искочат во пресрет за да моѓеме тоа што е во самиот простор каде што живеат овие луѓе пред се да го исчистиме, да добијат похумани услови за живеење“, рече Велковски

„Ова што го имаат направено како влада во овие седум години наназад за жал можам да кажам дека наместо, да не доведат во ситуација за овие луѓе имаат социјална правда, денеска да зборуваме за социјална неправда“, додаде министерот.

Според Велковски во изминатите години се носеле низа сомнителни решенија за тоа кој се треба да биде сменстен во објектот. Најави  ревизија.

„Во центарот за социјални работи во првично со неколку решенија низ годините наназад, ги има сместено корисниците. Тоа треба да се разгледа дали е законски. Овој дом бил за сосема друга социјална категорија на граѓани, за сместување на бездомни лица, меѓутоа ги сместиле со решенија, во тој момент и неколку пати ги обновувале“, додаде Велковски.

Инаку претходниците на Велковски тврдеа дека ќе им помогнат  на овие лица, дека ќе направат санација на објектот, дури и им најавија дека ќе ги преместат и  на подобра локација. Но ништо од тоа не се случи.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста