Велјаноски, Јанакиески и Ристовски се прогласени за виновни за организирање на „27-ми април“

Шест и пол години затворска казна за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјаноски, по 6 години и три месеци за еск министерите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и 6 години затвор за  поранешниот директор на УБК-Владимир Атанасовски. За судечкиот совет обвинетите го сториле кривичнито дело Терористичко загрузување на уставниот поредок и безбедноста и покрај приложените докази и исказите на над 200-те сведоци на одбраната. Според судијата Трпков, не можело а да не нема план и организација за собраниските настани.

  • „Вељановски свесно го крши Деловникот и преку ред му дава збор на пратеникот Ибраими кој ја пее албанската химна. Јанакиески и Ристовски од седиштето на партијата даваат насоки на членството но и на групите организирани и подготвени за упад. Тие биле свесни дека ќе има насилство. Овој настан е смислен, организиран и планиран, а доказите ја потврдија упорноста на обвинетите во извршувањето на кривично дело“, рече Трпков.

Обвинителството побара ефективен притвор за сите обвинети, но судот им изрече мерка куќен притвор на Трајко Велјановски, Спиро Ристоски и Владимир Атанасов, а Миле Јанакиески веќе има определена мерка по друг предмет.

Обвинителството не е задоволно од висината на казната за „организаторите“ , според нив судот не смеел да си дозволи да изрече казна помала од 10 години.

  • „Зачудена сум што судот спротивно на законот изрече далеку пониски затворски казни од пропишаните, минимум 10 години за вакво дело “ – изјави Смаќоска по денешното изрекување на пресудите во Основниот кривичен суд Скопје.

За одбраната самата пресуда е нејасна за што е донесена, дали за организација на протестите или за собраниските настани.

  • Останува нејасно за што е донесена оваа пресуда, за настаните што се случија во Собранието или за протестите. Не слушнав за било какви дејствија што ги сториле моите клиенти. Во случајов, се потврди дека имаме изјави на дежурни сведоци како Александар Василевски Нинџа, за кои одбраната докажа дека се лажни и според тоа дека не може да има осуда за било кој од обвинетите – рече адвокатот Миланов и најави жалбена постапка, откако судот ќе ја обзнани написмено пресудата по заршување на судењето.

Адвокатите на осудените најавија жалби за пресудата. Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година. Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста