Велигдеските и првомајските празници ќе го вратат сјајот на Охрид

За разлика од изминатите две години, кога ја немаше онаа вообичаена велигденска раздвиженост и кога поради коронавирусот, Центарот на православието тихуваше а Охрид остана речиси празен-годинава туристичките работници очекуваат поинаква слика на риверата.Барем според најавите, хотелско-угостителски објекти ќе бидат половично исполнети. Но, се’уште е неизвесно колку и дали ќе се реализиираат резервациите на странските и гостите од опкружувањето.
Срамежливо се јавуваат одредени баратели на услуги,туристички агенции,тур оператори, од Холандија, од регионот од Бугарија,но ништо не е сигурно додека не дојде денот на реализација на тие барања.Се’ почесто се случува неколку дена однапред да откажат- рече Климент Наумов-турстички водич..
Во убавините на Охрид ќе уживаат покрај домашните и гости од Бугарија, Србија,Грција,исполнувајќи до 50 % од капацитетите.Туристичките работници кои имале реално поголеми очекувања, сугерираат владата утре да ја усвои одлуката на комисијата за заразни болести за укинување на сертификатите при влез во земјава.
Иако очекуваме поголем интерес и од другите држави, со оглед на кризата и намалениот буџет,сепак име некое ограничување во посетата на Охрид оваа година – рече Наташа Цветаноска-хотелиер.
Еден ПЦР тест во Црна Гора чини 60 евра,а аранжманот им е 70 евра,дводневен и тродневен.Мислам тука здрав разум нема вели Владо Суклоски-туристички работник.
Секој со својата мака, дуќанџиите велатне смееше да се дозволи туристички Охрид да биде затворен во недела,а камоли за празници.Не може туристите 3 дена да висат по кафеани и бесцелно да лутаат низ градот во кој ништо не работи.
Дојдовме во ситуација во недела да се радуваме на кучињата скитници низ охридската чаршија , апсурдно.На моменти не знаеме дали е набрзина донесен законот без да се помисли на Охрид, или е донесен од луѓе кои што воопшто не биле во Охрид дојдени,значи катастрофа- рече Соња Јосифовска здружение на трговци “Чаршиски еснаф”.
Доколку ни биде одземена можноста да работиме во недела,тоа ќе предизвика сериозни штети на локалната економија, велат дуќанџиите.Сепак покрај бројните проблеми кои го притискаат туристичкиот сектор и трговците, градот со над 8.000 викенд станови,велигденски ќе биде полн.
Росица Голабоска