Велигден со сите адети, денеска се враќа на сила полицискиот час

Православните христијанските верници ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение. Стотици граѓани во скопскиот Соборен храм со свеќи во рацете се радуваа на повторната дружба за велигденските празници. Сите со маска, одржува  дистанца и ги почитуваа протоколите за заштита од ковид-19.  По полноќ, како што налага традицијата се кршеа со црвени велигденски јајца-  симболот на Христовото воскреснување. 

Соборниот храм  и утрото осамна со верници на велигденската богослужба со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ, Г.Г.Стефан.

Православните христијански верници ја слават победата на Исус над смртта. Дојдоа во храмовите да запалат свеќа за здравје и мир во домот.

Верниците кои се воздржувале од мрсна храна во седумнеделниот пост имаа избор да се причестат од сребрената лажичка односно да ја примат светата причест-телото христово и неговата крв. Оние кои се вистински верници и веруваат во Бога не може да се заразат од причеста сметаат од црквата.

За разлика од минатата пандемиска година кога без присуство на верници, во црквите и храмовите низ Македонија се служеа велигденски литургии, годинава немаше полициски час за ноќта на Христовото Воскресение. Од вечерва рестрикциите се враќаат на старо – полициски час од 21 до 5 часот наутро.

Викторија Миткова