Велешани исплашени за сопственото здравје – во станбена зграда никна пункт за тестирање на коронавирус

Страв, паника, неизвесност  – четириесетина граѓани oд станбен објект во Велес исплашени за сопственото здравје, остро реагираат за тоа што, во склоп на нивното живеалиште има пункт на Центарот за јавно здравје за тестирање на Ковид 19. Ненад Витанов станар во зградата за Алфа вели, изложени сме на голем ризик, десетина метри до мојот дом секојдневно се движат потенцијални позитивни на корона.

“Имаме голем проблем со преместувањето на пунктот за земање брисеви за Ковид 19 во Велес. Преходно беше во поранешното училиште Ј.Х.К Џинот а сега поради изборите, пунктот е преместен на десетина метри до мојот дом, во склоп на мојата зграда. Пунктот се наоѓа на пешачка патека, каде што многу луѓе поминуваат дневно. Но и никаде не е наведено дека овде се земаат брисеви.” – открива Ненад Витанов, станар.

За овој – “нехуман потег” како што вели Витанов, побарал одговор од надлежните да ја приспитаат одлуката, a од таму ни трага ни глас.

“Од Инспекторатот за здравство добив инструкција да напишам преставка и напишав, ми препорачаа да се јавам во локалниот инспекторат, се јавив и таму ми рекоа дека ќе ме контактираат, но ништо од тоа. Воопшто не ми кренаа на телефон. Повторно се јавив во ДЗСИ испекторката на прилично арогантен начин ми рече дека е пријавено и дека ќе постапан соодветно.”- изјави Витанов.

Дека условите во кои се приморани Велшани да се тестираат за ковид 19 се многу лоши, сведочат и видеата до кои дојде Алфа…Витанов вели – “господ да им е на помош” на луѓето но и на здравствените работници во какви услови се тестираат и работат.

“Јас овде не гледам протокол, јас не знам како може луѓево да издржат да седат на пеколни температури и да купат вода…ги тргаат маските многу е жешко саат време да се чека на сонце. Ако град од 50 илјади жители е дојден до оваа просторија да тестира  милам дека господ нека ни е на помош.” – тврди Витанов.

Витанов вели дека го го прозвал неколку пати и министерот за здравство Филипче, да одговори дали не мисли дека со овиј чин се доведува во опасност здравјето на недолжни луѓе, но и од него нема никаков одговор. Алфа се обиде да добие одговор од директорката на велешкиот ЦЈЗ, но не успеавме да оствариме контакт со неа.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста