Вељаноски во судот го читаше обраќањето на Зоран Заев: Ако треба, Џафери ќе го бираме во ходник или на скали

Продолжи судењето за настаните поврзани со случувањата на „27 април”. Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски читаше стенограми од конститутивната седница на минатиот парламентарен состав.

Тој истакна на дека пратеникот Зекирија Ибрахими, кој на говорница ја пееше албанската химна, побарал процедурално и оти морал да му даде збор.

Вељаноски се осврна и на обраќањето на пратеникот Зоран Заев кој тогаш рече дека ќе носат одлуки и ќе го изберат Талат Џафери „во оваа сала, во друга сала, во ходник, во МАНУ, во просториите на Правниот факултет“, по што најавил прес конференција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста