Вековите на нашето постоење,традициите и корените на Македонецот-збрани во најмалиот етнолошки музеј во светот, во тетовско Џепчиште

Во време кога се спори македонскиот идентитет, постоење, корени,во само 15-тина м2,во најмалиот етно музеј во светот,во тетовско Џепчиште се збрани вековите на нашето постоење. Преку 2000 експонати-сите поврзани со нашата Македонија.Овде,традициите и корените на Македонецот, доаѓаат до полн израз. Симеон Златев –Моне,кој неуморно со децении го собира и чува ова непроценливо историско богатство,вели дека залудно е зборувањето и натегнувањето на политичарите, кога фактите говорат поинаку.

  • Македонија е чудна земја, необична, кога кажуваат библиска,некој можеби не верува, ама еве доказите, не треба да се зборува многу, може ни јас не треба да зборувам,еве ги предметите,тие само зборуваат.Нема што да се каже, и јас ако кажам може и да погрешам,а предметот што постои, еве ги гледате, ги снимате,тој зборува сам за себе – вели Симеон Златев-Моне-Сопстевник на Најмал етнолошки музеј во светот.

Староста на предметите е од пред нашата ера, па до денес.Секој експонат со своја приказна и посебен.Најмалиот предмет е гумено гласачко топче,најголем бакарна софра,најстар пак,овој камен од вулканска лава,од кратовско,стар неверојатни 25 милиони години.

  • Овде нема што нема,ова е вистина, од материјалите има сребрени бакарни, керамички дрвени, нема само златни предмети, а всушност сите предмети се злато.Мислам или фанатзирам, дека утре, државата ќе најде начин и можност, овие предмети кои се од етнолошко историско значење за Македонија, да најдат свое место и простор да дишат на свој начин, не сега како јас што ги поставувам-рече Симеон Златев-Моне.

Илјадници посетители поминале  во изминативе три децении во музејот.Моне конкурирал и за Гинис,но, одговор сеуште не добил.Сепак, за него,најважно е неговата мисија да продолжи,бидејќи, како што вели,неговата мајковина, библиска Македонија, заслужува и повеќе.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста