Веј: Кинеската армија ќе се бори ако некој се осмели да ја подели Кина од Тајван

Кинескиот министер за одбрана Веј Фенге ги критикуваше Соединетите американски држави поради поддршката за независност на Тајван и предупреди дека кинеската војска „ќе преземе одлучна акција“ за да ги одбрани своите претензии за Тајван и спорните води во Јужнокинеското море.

Во говорот на азискиот самит за одбрана во Сингапур, Веј не упати директна закана кон САД, но посочи бројни критики на сметка на активностите на Вашингтон.

Тој исто така ги критикуваше и поради поморската операција во спорното Јужнокинеско море.

Пекинг тоа го смета како насилство над своја територија.

– Ако некој се осмели да ја подели Кина од Тајван, кинеската армија нема да има друг избор освен да се бори за националното единство по секоја цена, нагласи Веј.