ВЕЧЕРВА ВО ЛОНДОН (21.00) АНГЛИЈА ПРОТИВ ДАНСКА ВО ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЕП

Денеска на истото место, Лондон, и во исто време, од 21 часот, се игра второто полуфинале на Европското во кое се најдоа Англија и Данска. Со оглед на домашниот терен, но и по извонредната серија на ова натпреварување на кое има 4 победи и реми со гол разлика од 8-0 Англија е голем фаворит. Данска варира од самиот почеток иако треба да се нагласи дека во последните три настапа постигнаа десет гола. Англичаните никогаш не играле финале на континенталниот собир, а Данска во 92-та од минатиот век беше сензационален победник.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста