Вечерва се играат реванш средбите од 1/8 финалето во ЛЕ

Вечерва ќе бидат познати и сите четвртфиналисти во Лига Европа. Динамо на Адеми и Ристовски во Загреб ќе брка два негатива со Тотенхем, Арсенал со сигурни 3-1 го пречекува Олимпијакос, Рома со 3-0 гостува кај Шахтар, а Гранада со 2-0 оди кај Молде. Ова се средбите од 18.55, а од 21 часот, епицентар Сан Сиро, Милан против Манчестер Јунајтед по оние 1-1 на Олд Трафорд.  Ајакс со 3-0 гостува кај Јанг Бојс, Виљареал со 2-0 е домаќин Динамо Киев, а Славија Прага и Глазгов Ренџерс тргнуваат од 1-1.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста