ВЕЧЕРВА СЕ ИГРААТ ОСУМ СРЕДБИ ОД ВТОРАТА РУНДА ОД ФУДБАЛСКАТА ЛШ

Пролонгирањето на претходната и доцниот старт на новата сезона бара забрзување на ритамот во Лигата на Европските фудбалски шампиони. Така наместо вообичаените две недели меѓу рундите, веднаш се игра и тоа второто коло во првите четири групи, по што утре се продолжува во останатите средби. Но, еве ја денешната програма. Во првиот состав ЛОКОМОТИВ во Москва го дочекува европскиот првак БАЕРН Минхен од 18 и 55, а АТЛЕТИКО во Мадрид игра со САЛЦБУРГ од 21 часот. Во вториот состав еден меч ШАХТЈОР-ИНТЕР на истокот од Европа во раниот термин, а еден во Германија меѓу БОРУСИЈА Менхенгладбах и РЕАЛ МАДРИД во подоцниот. Од истиот момент започнуваат и дуелите во третата конкуренција: МАРСЕЈ-МАНЧЕСТЕР СИТИ односно ПОРТО-ОЛИМПИЈАКОС, и тие од Д, во кои ќе следиме соочувања на АТАЛАНТА и АЈАКС и на ЛИВЕРПУЛ со МИТЈИЛАНД.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста