ВЕЧЕРВА ГИ ДОЗНАВАМЕ ПОСЛЕДНИТЕ 4 УЧЕСНИЦИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Денеска се играат последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европските фудбалски шампиони. Станува збор за шеста рунда во групите А, Б, Ц и Д со тоа што половина од патниците за осминафиналето од овој дел се познати, а половината ќе ги дознаеме вечерва. Одиме по ред. Во првиот состав, Салцбург кој има 4 бода го дочекува Атлетико Мадрид кој поседува 6, па со триумф на Австријците, Шпанците испаѓаат, а при секој друг исход, тие одат во следната фаза. Ова се средби од 21 часот, за кога се закажани и дуелите од втората конкуренција во која се е отворено, сите имаат шанси, а двете места се се уште празни. Водечката Борусија Менхегладбах игра кај Реал Мадрид, а Интер му е домаќин на Шахтјор со тоа што Германците имаат 8, Шпанците и Украинците по 7, Италијанците 5 бода. Во овој термин се и мечевите од Ц собирот во кој нема неизвесност зошто Манчестер Сити е сугурно прв и пред домашниот дуел со Марсеј, а вториот Порто не може да биде загрозен при гостувањето кај Олимпијакос. Средбите од четвртата група меѓу Ајакс и Аталанта и меѓу Митјиланд и Ливерпул се порано, од 18.55, а првата директно решава кој ќе му прави друшто на Ливерпул во осминафиналето. Ајакс е домаќин, но има бод помалку и неопходна му е победа. Освен патниците за елиминациите во Лигата на шампионите денеска ги дознаваме и екипите кои ќе се преселат во Лигата на Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста