Вечерна диско забава во Карпош со DJ BABURA JUNIOR

Вечерва, од 19:30 часот, во време на полициски час, Општина Карпош организира двочасовна забава со DJ Babura – Junior, од кровната површина на ТЦ Скопје „Сити мол“. За овој музички настан не се трошат средства од Буџетот на Карпош и истиот се спроведува на волонтерска основа.

Викендите се момент за забава и опуштање од работната недела, затоа ги повикуваме карпошани, особено оние кои живеат во близина на „Сити мол“, да излезат на своите тераси и да се вклучат во овој музички настан. DJ Babura Junior ќе пушта познати диско хитови, македонски и странски ретро песни, а преку микрофонот ќе одржува постојана, двонасочна комуникација со станарите од околните згради. Covid – 19 не затвори во нашите домови, но тоа не е причина да не уживаме во добра музика и забава, заедно со нашите најблиски. Останете дома, вклучете се во забавата – „Звуците на урбан Карпош“ или следете во живо на Facebook страниците на Општина Карпош и DJ Babura Junior.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста