„ВЕЧЕР.MK“ открива нови информации за криминалот со изграбата на штипската болница

Нови моменти во скандалот со изградбата на Клиничката болница во Штип открива Вечер.мк. Имено, како што пишува порталот Владата не ја активирала банкарската гаранција во износ од 3,5 милиони евра, која ја добила од „Бетон Штип“, која заедно со грчката Интракат требаше да ја гради болницата, но отиде во стечај. Пред да замине во стечај „Бетон Штип“ и грчката фирма го раскинале договорот, со што и банкарската гаранција е неважечка за наведената намена, а Министерството за финансии до денеска не ја активирало, ниту по основ на доцнење со градба, ниту по основ раскинат договор и стечај на гарантот,  што е сериозен законски прекршок за кој се лежи затвор, пишува „Вечер.мк. Откако штипската фирма отиде во стечај, Интракат самостојно го добил тендерот и со ништо не гарантира дека работата ќе ја заврши согласно проектот и на време. Веќе се доцни речиси две години, и наместо активирање на банкарската гаранција Венко Филипче му планира нови 7 милиони евра на Гркот Димитрис Кутрас, менаџер на Интракат. Банкарската гаранција е издадена од Бетон Штип, а издавач е Комерцијална банка Скопје. Бетон Штип нема веќе договор со Интракат, под сетачј е, и банкарката гаранција нема важност и функција по овој тендер, пишува порталот Вечер.мк.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста