Веб-страницата на Државната изборна комисија повторно не функционира
Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) во моментов повторно е надвор од функција, иако утрото беше достапна но на неа беа достапни податоци од последните парламентарни избори со многу погрешни податоци.
Страницата беше хакирана вечерта во средата на денот на изборите, во очекување на прелиминарните резултати. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, соопшти дека МВР било известено за хакерски напад.
КАТЕГОРИИ Македонија