Ваучери за туризам се претворија во ваучери за кафани

За два дена истекува рокот на важноста на ваучерите за туризам,лицата кои ги добие но не сакаат да ги користат не бираат начин и сретсвата само да ги продадат.На социјалните мрежи отворено со име и призиме се пазарат, нудат и продаваат ваучери за сума од 3 до 4.000 денари.И не само тоа, нелегалниот бизнис со ваучерите оди до таму што сега наместо во сместувачки капацитети,сумата од 6.000 денари ја користат во ресторани, заменувајќи ги за богата софра.Во групи на социјалните мрежи, едни прашуваат, други споделуваат искуства, притоа наведувајќи ги градовите и имињата на угостителските објекти каде можат да се искористат.

”Од каде знаете дека може само да се руча,кога прашав викаа дека мора да се преспие? Јас бев во неделата и сум сигурна дека е така.А дали одбиваат пари за ноќевање како во другите ресторани,или целиот износ може да се троши за ручекот?Ваучерот се користи на едно место, дали ќе го изедете или не тоа е се’.Пари не се враќаат назад.”

Уредбата за користење на ваучери се злоупотребува и на тој начин штово туѓо име, неместо корисникот, ваучерот го користи друго лице.Не се знае кој спие, а кој плаќа посебно кај приватните станоиздавачи кои не проверуваат на чие име е ваучерот и кој го користи.

”Јас лично искористив ваучер од друга личност, а немаме исто презиме.Можеш и ти да си го искористиш ваучерот на другарка ти,само треба да имаш фотокопија од нејзина лична карта”.

 Бизнисот со ваучерите за туризам цвета,иако како што може да се види инволвираните ги откриваат начините на кои ја вршат оваа нелегална активност, полицијата до сега не превзеле ништо за откривање и казнување на оние кои вршат ваква злоупотреба. Ваквата појава беше актуелна посебно во Охрид за време за летната сезона.

  • Тоа што на разни платформи се продаваат ваучери, треба да се утврди на лице место дали тој ваучер е искористен од лицето на кое му е одобрен.Во овој момент ако најдеме ваучери како што кажувате, како што сте читале, тогаш ќе превземе мерки како за овој случај што ви кажав и се превземени-рече Цветко Ристески –пазарен инспоекторат.

Првиот човек на  Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека има вакви злоупотреби,посебно во зимските центри, но тешко се откривале.Инаку беа доделени 117.359 ваучери кои можеа да се искористат во 455 хотелско-угоститлески капацитети.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста