Вархеји ни го донесе извештајот и ни порача: преговарајте со Бугарија, јас не би драматизирал

 И во Скопје како и вчера во Брисел Вархеји ни порача дека со Бугарија сепак треба да преговараме.Дури и идентитетските прашања според него треба да се најдат меѓу оние за кои со источниот сосед  треба да најдеме решение. Запрашан дали со последните барања Софија го прекршува правото на самоопределување еврокомесарот со став дека не треба да се драматизира. Вархеји не исклучи медијација од Брисел.

Заев не чувствуваше дека треба да даде свое видување за овие ставови на Вархеји. Еврокомесаарот беше без конкретен одговор за тоа дали Бугарија е осамена во условите за нашето евроинтегрирање. Оптимист е дека првата меѓувладина конференција ќе се реализира спопред планот.

Во однос на извештајот на ЕК за Македонија еврокомесарот истакна дел од реформите, но потенцира дека е потребно уште работа во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Треба да видиме резултати за на земјите членки да им ја презентираме вашата посветеност, рече Вархеји.

За Заев пак извештајот на ЕК е реален. Вели дека дава јасна слика за тоа каде е постигнат напредок, а каде се потребни дополнителни реформи.

Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Унијата треба да се одржи до крајот на годината во рамки на германското претседателство. Со меморандумот до земјите членки Софија наметна нови услови на нашиот пат кон ЕУ. Исходот од средбите османи Захариева во петок и Заев Борисов идниот месец веројатно ќе биде показател за тоа во која насока ќе се движат добрососедските односи.

Градимир Марковски