Вардарци денеска се тестираа

Ракометарите на Вардар и членовите на стручниот штаб денеска се тестираа за коронавирусот, и до утре напладне треба да ги добијат резултатите, за да можат безбедно од 18 часот да означат почеток на подготовите. Предвиден е лесен тренинг на фудбалскиот терен веднаш до салата Јане Сандански, која ќе остане затворена се додека зелено светло не добијат од властите. РФМ веќе има испратено изработен план до Комисијата за заразни болести и наскоро очекува одобрување за тренирање во затворено. За разлика од Вардар, Металург ги помести подготовките за почеток од 27 јули, а два дена претходно Еурофарм Пелистер го најави првиот собир.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста