Вардар вечерва против Мешков ќе ја затвори групната фаза во ЛШ (18.45)

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го пречекаат тимот на Мешков Брест во последниот меч од фазата по групи во најсилното клупско натпреварување на ЕХФ. Тренерот Стевче Алушовски најави цврста борба за нов триумф, со кој би можеле да финишираат на шестатта позиција во А- групата, што би значело и евентуален меч со Кил или Алборг во осминафиналето. Со реми или пораз, Вардарци дефинитивно ќе останат седми во групата и за противник во првата нокаут фаза ќе го имаат Веспрем на нашиот Дејан Манасков. Мечот Вардар-Мешков се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 18.45 часот. Во истиот термин, битка за врвот ќе водат Кјелце и Фленсбург, а од 20.45 се среќаваат Елверум и Порто.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста