ВАРДАР СО ПРОВЕРЕНИ СИЛИ ОТПАТУВА ЗА БРЕСТ ЗА УТРЕШНИОТ ПРВ МЕЧ ВО ЛШ

Ракометарите на Вардар денеска отпатуваа за Белорусија за утрешниот прв предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите. По негативните тестови за Ковид-19, тренерот Алушовски се одлучи за 17 играчи, а меѓу нив и капитенот Стојанче Стоилов, кој поради Коронавурсот беше надвор од терените и ја пропушти завршницата во СЕХА. Во „Црвено-црната“ експедиција е и Кристијан Дисингер, кој се пожалил на повреда, но и тој најверојатно ќе биде подготвен за мечот со Мешков утре во Брест од 18.45 часот.