Вардар со пораз кај Загреб, седми по ред во ЛШ

Ракометарите на Вардар со нов, седми пораз по ред во Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето кај Загреб со тесни 23-22. Иако и двата тима наизменично го менуваа водството и го контролираа мечот, сепак хрватскиот првак беше поумешен во финишот за минимален триумф, со кој го потиснаа Вардар од шестатата, последна позиција која носи прогрес во елиминациите. Тимот на Вујовиќ остана на пет бода, сега на седмото место со бод помалку токму од Загреб. Битката за место меѓу најдбрите шест во групата ќе ја продолжат на пролет, за кога предвидени се последните четири средби, со Монпелје и Брест на гости и со Загреб и Елверум на домашен терен. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста