Вардар се излеа во тетовско,реките на критично ниво, водата сеуште забранета за пиење

Вардар изминатата ноќ излезе од своето корито и поплави дел од локалниот пат во селата од општина Јегуновце,голема површина на обработливо земјоделско земјиште, а вода е навлезена и во дел од дворовите и подрумите во селата Раотинце, Копанце и Туденце.Од утрото состојбата полека се нормализира, а нивото на реката почнало да опаѓа.

Дождовите изминативе денови освен излевања, предизвикаа и свлечишта и ерозија на земјиштето, особено во горниот дел на Тетово.Неколку семејства кои живеат над православните гробишта стравуваат дека ќе им се срушат куќите.Земјата велат се рони, а општината три години им ветува изградба на потпорни ѕидови.

Состојбата на реките во тетовско продолжува будно да се следи,водостојот е сеуште покачен и критичен,но денеска нема нови излевања.Анализите за исправноста на водата од градскиот водовод пак,која деновиве беше заматена, треба утре да бидат готови.До добивањето на резултатите, се препорачува да не се користи за пиење.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста