ВАРДАР ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА РАКОМЕТЕН ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА

Ракометарите на Врадар ја одбранија шампинската титула откако на денешниот дуел со Металург славеа убедливо со 39-27 што беше доволно за потврда на првата позцијиа и подигнување на уште еден трофеј од домашното првенство или 14-тиот шампионски пехар. На победа се радуваше и вториот Еурофарм Пелистер кој го декласираше Охрид со 30-14, Струга загуби од Тинекс Пролет со 30-23, додека Бутел со 29-28 беше подобар од вториот тим на Еурофарм Пелистер.

Вардар догодина повторно ќе биде дел од  Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер ќе настапува во Европската лига додека Пролет и Металург во квалификациите од Европската лига.