ВАРДАР ГОСТУВА КАЈ ЗАГРЕБ (20.45) И МОРА ДА ЈА ПРЕКИНЕ СЕРИЈАТА ПОРАЗИ ВО РАКОМЕТНАТА ЛШ

Вардар гостува кај Загреб во можеби и клучниот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на европските ракометни шампионите. Дуелот од 20.45 во загребската арена е дел од деветиот круг што значи дека шанси ќе има и натаму, во продолжението во февруари, но сега е битно црвено црните да останат цврсти и да го зачуваат шестото место, последно кое од А групата води во елиминациите, а потсетуваме дека Хрватскиот домаќин е на само бод зад нас. Тој по лошиот старт на сезоната влезе во добра форма и се повеќе се амбицира, и во принцип сега игра далеку подобро од Скопјани кои, потесуваме, имаа одличен вовед, кога освоија пет бода во три кола, но затоа сега се во црна серија од дури шест порази. Мечот Загреб-Вардар е вечерва, а порано се уште два натпревара од нашата група: Елверум-Алборг и Мешков Брест-Монпеље.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста