Вардар го доби противниците за наредната сезона во ЛШ

Ракометарите на Вардар повторно дел од првата група за наредната сезона во Лигата на шампионите. За противници ги добија Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков, Монпелје, Елверум и Загреб. Во вториот состав конкурураат актуелниот шампион Барселона, ПСЖ, Порто, Кјелце, Фленсбург, Веспрем, Мотор и Д.Букурешт. Сепак и натаму останува дилемата за настап на „Црвено-црните“, по барањето гаранција од ЕХФ од еден милион евра за учество во елитата. Инаку, познат е и распоредот, Вардарци првиот меч го играат на гостински терен против Елверум на 15/16 септември. Фазата по групи би требало да ја затворат против истиот ривал, но во Скопје, на 9/10 март наредната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста