НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вардар донесе бековски тандем од ППД Загреб

Вардар официјално обелодени две нови засилувања на бековската позиција за наредната сезона, кои најверојатно треба да ги покријат недостатоците по заминувањето на Скубе и Криштопанс. Средниот бек Анте Гаџа стави потис на двегодишен договор, додека десниот бек Јосип Векиќ во „црвено-црниот“ дрес ќе остане до 2024-та година. Двајцата во пакет пристигнаа во Скопје од хрватскиот шампион Загреб. Покрај нив, уште девет нови имиња претходно потпишаа со Вардар по превземањето на Михајло Михајловски, а исто толку, односно 11 ракометари го напуштија клубот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста