Вардар денеска во Брест против Мешков ја отвора новата сезона во ЛШ во 18:45 часот
Ракометарите на Вардар денеска против Мешков во Брест ќе го одиграа првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите. Тренерот Стевче Алушовски на расплагаање има 17 играчи, а меѓу нив и капитенот Стојанче Стоилов, кој поради Коронавурсот беше надвор од терените и ја пропушти завршницата во СЕХА. Во „Црвено-црната“ експедиција е и Кристијан Дисингер, кој се пожалил на повреда, но шансите се големи и тој да помогне во атакот за првите бодово сезонава. Мечот Мешков-Вардар се игра од 18.45, термин и за дуелот Целје-Алборд, а два часа подоцна ќе се сретнат Флензбург-Киелце и Нант-Веспрем.
КАТЕГОРИИ Ракомет