ВАРДАР-БОРЕЦ, СИЛЕКС-БЕЛАСИЦА, ШКУПИ-ШКЕНДИЈА на стартот од првата фудбалска лига

Со традиционалната жрепка во ФФМ денеска беа составени двојките за првото коло, но и создаден целиот календар за новата фудбалска сезона во земјава која во најсилната конкуренција, во Првата лига трпи принудни измени затоа што сега таа брои 12 екипи. Стартот е предвиден за 9 август, и во прелиминарното коло првакот Вардар го дочекува Борец, вицешампионот Силкес гостува кај Беласица, а нашите евро претставници Шкендија и Шкупи ќе се сретнат на Чаир. Заради проширувањето на Лигата шест двојки во секоја рунда, а во воведната уште играат: Македонија Ѓорче Петров-Работнички, Пелистер-Академија Пандев и Ренова-Струга.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста