Вандализам во тетовско училиште-малолетници влегуваат преку ноќ и оштетуваат инвентар, полицијата истражува

Навредливи графити, оштетен инвентар,расфрлани работи-ваква слика  ги пречекува овие два дена вработените во тетовското основно училиште “Братство- Миѓени”.Кој и зошто влегува да прави неред и предизвикува вознемиреност, полицијата сеуште испитува.Се претпоставува дека се малолетници,можеби и поранешни ученици од ова училиште.Најверојатно влегуваат преку прозори, оти главната врата не била оштетена.

Има 2-3 ноќа, некој деца,не знаеме кои се, влегуваат преку прозори, иако се затворени,па не знам како ги отвораат и влегуваат внатре. Ние веќе имаме нарачано и камери, од утре ќе ги имаме поставено, па ќе видиме, кој е што е ,зошто влегува.Инаку, имаме по училниците компјутери, лап топи, ништо не е чепнато, не крадат, не земаат ништо – изјави Риза Етеми- Директор на О.У. “Братство- Миѓени”.

Поради  ковид пандемијата, на медиумите не им беше дозволено да снимаат внатре во училиштето.Наставници кои сакаат да останат анонимни, велат дека се вознемирени и тие , но, и дечињата, на кои се трудат да им објаснат дека се е во ред.Инаку, ова не се случува прв пат.Токму во истово училиште и порано влегувале малолетници, со истата намера,само да вандализираат.             

Ваквите случаи отвораат многу прашања-под каква контрола е состојбата со девијантноста кај младите,колку се безбедни училиштата,но, и колку влегувањето на други лица, може да биде ризик за ширење на вирусот, со оглед на тоа што не се знае, кои се, и што точно прават внатре.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста