Вакцинирани околу 600 новинари и медиумски работници

Новинарите и снимателите го дочекаа својот ред за вакцинација. Над 600 медиумски работници ја примија првата доза од вакцината на Спутник во А1 Арената Борис Трајковски. Први во групата беа вработените во медиумите на возраст над 40 години, но и оние со хронични заболувања.

Иницијативата беше на ЗНМ и ССНМ, од каде велат дека веќе се подготвуваат и списоците за вториот круг, во кои ќе треба да се вакцинираат помладите новинари, но и вработените во техничките служби.

Македонија во моментов ги троши 20.000 дози од вакцините на Спутник што ни ги донираше Србија. Надлежните тврдат дека процесот на т.н. масовна имунизација ќе се одвива непречено и покрај тоа што во земјава се уште не се пристигнати големите количини на вакцини нарачани директно од производителите. Новинарите со апел до граѓаните да се вакцинираат и да го заштитат и своето и колективното здравје.

Камерата на Алфа, беше единствената која не доби зелено светло да го снима вакцинирањето на медиумските работници, а ПР тимот на министерот за здравство прво не одговори на нашите повици, а потоа и не искара оти не сме се најавиле навреме.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста