ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД ДАВА 70-ПРОЦЕНТНА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Вакцината што ја развиваат Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ обезбедува заштита од ковид-19 од 70%, според последните резултати. Ова претставува и триумф и разочарување, имајќи предвид дека вакцините на „Фајзер/БиоНТек“ и на „Модерна“ покажале 95-процентна ефективност. Сепак, вакцината на Оксфорд е далеку поевтина и полесно се складира и пренесува до кое било место на светот од останатите две, па ако биде одобрена од регулаторите, сепак би можела да има важна улога во запирањето на пандемијата. Податоците покажуваат дека со усовршувањето на дозата нејзината ефективност може да се зголеми до 90%. Повеќе од 20.000 доброволци учествуваа во истражувањето во Велика Британија и Бразил, при што имало 30 случаи на коронавирус кај оние кои примиле две дози од вакцината и 101 кај оние кои примиле плацебо. Во создавањето на вакцината бил користен генетски модифициран вирус на настинка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста