Вакциналните пунктови работат турбо – родителите почнаа да ги носат децата на вакцинација против црна кашлица

Вакциналните пунктови работат турбо – родителите почнаа да ги носат децата на вакцинација против црна кашлица

Ширењето на големата кашлица го вклучи алармот кај родителите. Стравот од болеста која се карактеризира со силно и вознемирувачко кашлање и трае по неколку месеци, како и забраната за прием во градинка го зголеми интересот за вакцинација со ди-те пер. И денеска вакциналните пункотови во Скопје беа полни. Родителите се загрижени – велат спасот го гледаат само во вакцината, но според нив, главни виновници за тоа што има епидемија од голема кашлица се они кои не си ги вакцинираат своите деца на време или кои се против вакцините.

Вакциналните пунктови продолжуваат да работат двосменски и плус  во сабота се со цел да се вакцинираат што повеќе деца. Педијатрите апелираат дека вакцинацијата е број еден мерка што може да ја спречи епидемијата.

Досега, потврдени случаи со магарешка калица се 26 пацинети. Но имунолозите алармираат дека таа бројка е многу поголема од реалната. Од Комисијата за заразни болести велат дека најголем дел од заболените лица се невакцинирани деца, но меѓу потврдените случаи има и вакцинирани. Има и некомплетно вакцинирани.

Инаку,Комисијата пред четири дена донесе препораки за прогласување на епидемија на територија на град Скопје. Но, и децата кои не се вакцинирани до ди те пер да не одат во градинка.Техничкиот премиер досега не најде време, да закаже владина седница за да се даде зелено светло за препораките на Комисијата, каде треба да се прогласи епидемија во главниот град.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста