Вакцинацијата против Ковид-19 стартува во Декември, први ќе се тестираат американците

Трка помеѓу фармацевтските компании ширум светот, во производството на што поефикасна вакцина. кандидатите за вакцини од Модерна и Фајзер, наводно, нудат над  90% заштита од ковид-19, а вакцината од британско-шведскиот фармацевтски концерн Астра Зенека најмалку 70%.

Сите надежи се дека вакцините ќе го спречат ширењето на коронавирусот во догледно време и ќе ја запрат пандемијата. Но се уште нема прецизно истражување  колку долго човечкото тело ја задржува заштитата од вирусот.

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус.

Членовите на Администрацијата за храна и лекови на САД треба да се состанат со советодавниот одбор за да ги разгледаат апликациите на „Модерна“ и „Фајзер“, кои први аплицираа за итна дозвола за употреба на вакцината

Непосредно пред „Модерна“, компанијата „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побараа вакцинациите да започнат во декември во САД.

„Модерна“ ја разви вакцината со американскиот Национален институт за здравство, а за време на викендот ги доби конечните резултати кои покажуваат дека е ефикасна во повеќе од 94 проценти од случаите.

Европската агенција за лекови – објави дека е исто така подготвена брзо да даде зелено светло за итна употреба на вакцината.

Доколку САД дозволи итна употреба, „Модерна“ очекува до крајот на годината да бидат подготвени 20 милиони дози за таму. На примателите ќе им бидат потребни две дози, така што количината е доволна за 10 милиони луѓе.

Руската вакцина „Спутник 5“ ќе пристигне и во Србија до крајот на оваа недела. Предходно руската вакцина беше испорачана и во Унгарија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста