Вакцина во Штип со партиска книшка – штипјани реагираат за злоупотреби

По четири дена гужва и хаос, денес пред вакциналниот пункт во Штип конечно воспоставен ред.  Вообичаената турканица ја нема, а влезот во дворот на спортскиот центар Јордан Мијалков го контролираат припадници на полицијата и армијата.  Веќе неколку дена јавна тајна во градот е дека до вакцина најлесно може да се дојде, но само со партиска книшка.  Од Здружението на родители на деца со посебни потреби „Сплотени срца„ реагираат, бараат да се направат приоритетни листи со кои ќе се обезбеди правилна имунизација на населението. Апелираат кај граѓаните да преовладува совеста и да на ја  злоупотребуваат врски или  партиска положба.

Совеста е многу важна кај луѓето. Сега ако тие решиле тоа да го направат .. се знае во оваа земја се што ќе се реши да се направи се прави . Обичниот граѓанин се знае не се ни прашува, а граѓаните со големи проблеми како нас се само за сликање„- изјави Зоран Мијалков од Здружение Сплотени срца.

Седумдесет и петгодишниот Тодор Димитров од Виница денес конечно се вакцинираше.  Иако меѓу првите се пријавил на сајтот вакцинација.мк досега никој не го повикал, па затоа  дошол самоиницијативно..

„Јас се пријавив меѓу првите сега дојдов самоиницијативно и без проблем ме вакцинираа„– изјави Тодор Димитров од Виница.

За приоритетно вакцинирање не се зема во предвид партиската книшка или врски, објаснуваат од Здравствениот дом од каде што бараат вакциналниот пункт да не биде мета за политички препукувања.

 „Што се однесува до тоа дали вакцинираме преку ред, ние одиме по списоци кои претходно ни се дадени. Лугето ги збунува што доаѓаат млади лица, но тие доаѓаат од критичната инфраструктура– изјави ДИЈАНА КОЦЕВА МИЛАНОВА – Здравствен дом Штип.

Дека до вакцина лесно може да се дојде, но со партиска книшка вчера реагираа и штипските опозиционери кои додека држеа прес конференција лично им упадна градоначалникот на Штип тврдејки пред камерите дека досега никој не протнал преку ред.

До денес во вакциналниот пункт во Штип се вакцинирани над 5.000 граѓани од Југоисточниот регион. Се прават напори како приоритетни за имунизација да се стават и текстилните работнички.

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста