Увозниците бараат, власта не отстапува од зголемените давачки за постарите коли

Увозниците на коли бараат, но власта не отстапува од новото решение за зголемени давачки при увоз на возила. Сопствениците на автоплацевите бараат да се укине Уредбата за одданочување на увозот на возилата, бидејќи колите енормно поскапеле. До министерот за економија не стигнале нивните барања. Вели од повеќе алтернативи, била одбрана најдобрата.

Министерот сега вели дека Законот за моторни возила дозволувал Владата во иднина да одлучи да го субвенционира купувањето на нови или половни коли, но не прецизираше дали и кога тоа би се случило. Ова беше првичната варијанта како дел од борбата против загадувањето, но беше отфрлена бидејќи предвидуваше финансиска помош за само 1.000 возачи.

Увозниците тврдат дека данокот за некои коли поскапел за двојно или тројно во споредба со лани. Сметаат дека ако Владата мислела дека ќе стимулира купување на возила со Еуро 5 и 6 стандард, тоа немало да се случи, бидејќи давачките биле зголемени и за овие возила што помалку загадуваат. Алармираат дека за овие 25 дена откако е на сила новата Уредба, увозот на возила бил намален за дури 90%.

Тања Попова