Утре се објавуваат конечните бројки од пописот, резултатите се веќе „отпишани“ од граѓаните

Претставниците на малцинските партии веќе ги испорачаа ултиматумите. Пописот уште необјавен, а условен. Али Ахмети порача дека нема да го признае пописот ако Албанците се под 20%, Ромите очекуваат да се 4 отсто, додека од партијата на Турците не прифаќаат да бидат под 7%. Изјавата на премиерот во сенка, Артан Груби, дека Албанците ќе бидат „онолку колку што треба да бидат“ покажува спокојство кај албанскиот фактор, но и фрла сомнеж дека партиите ги знаат резултатите предвреме.

Останува да почекаме до утре, од македонска филхармохнија Заводот за статистика да ни соопшти што виделе во македонската демографска рефлексија, ќе се исполнат ли желбите на етничките заедници и дали оние кои лиферуваа со бројки ги знаеа резултатите предвреме?

Како и за сите клучни процеси во Македонија, со странски експерти. Тежок 8,5 милиони евра народни пари, на седум јазици во ек на четвртиот ковид бран, два пати презакажуван, хакиран, бојкотиран, политизиран, но, според завод за статистика, попис успеашно реализиран. Статистичка операција која поради своето задоцнето спроведување, се очекува да остави нов белег на македонското општество, особено откако предводникот на процесот, дирекоторот Апостол Симовски, пред време, самиот си се прогласи за државен непријател број еден.

Започна со дијаспората, чиј слаб одзив за време на пописните рокови, беше причина за злоупотреба и вмешување на личности како албанскиот премиер Еди Рама и неговиот косовски колега Албин Курти во кампања за поголем одзив, ставајќи особен акцент на албанците со македонско државјанство.

Во листата странски фактори на кои не им е местото во македонските внатрешни работи се најдоа и ред бугарски иредентисти. Поранешниот конзул на Бугарија, Иван Анчев, вршеше притисоци преку барањата сите Македонци со бугарски пасоши да им се одземе бугарското државјанство ако не се попишат како такви. Манипулациите стигнаа дотаму што, продолжениот пипавец на Бугарија во Македонија, здружението „Иван Михајлов“ од официјална Софија побара за секој Македонец кој ќе достави копија од образец дека се попишал како Бугарин, да добие бугарско државјанство по скратена постапка.

Граѓанската свест за влијанието кое ќе го имаат пописните бројки со себе донесе многу загриженост, страв и неизвесност. Па така, првата контраверзност дојде уште со првичните груби и необработени податоци, кои не соодвествуваа и беа повеќе од борјките на избирачкиот список, поради што следеа лавина на оправдувања и реакции од политичките фактори.
Партијата Левица не ја признава легитимноста и веродостојноста на пописот од самиот почеток. Од таму истакнаа дека долгото чекање за објавувањето на податоците е показател за местење на резултатите. Сомневање изрази и министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милески, на кој му е нејасно зошто биле потребни 7 месеци за резултати од електронски попис, додека пак, пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, се сомнева дека директорот на ДЗС, Апостол Симовски со својата изјава оти ќе биде прогласен за државен непријател број еден, најавува дека пописот ќе има податоци кои не се вклопуваат во реалната состојба на државата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста