Утре се бираат нови лидери на двете најголеми политички партии


Двете најголеми политички партии во земјава утре ќе добијат нов – или старо нов лидер. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во ист ден ќе го соберат членството, првите на конгрес во спортскиот центар Јане Сандански , вторите на гласање во партиските штабови. ВМРО-ДПМНЕ за прв пат ќе бидат во Скопје, од партијата велат дека сакале симболично да ја означат победата на локалните избори. Потпретседателот на партијата Александар Николоски вели дека ова е редовен конгрес, на кој Мицкоски ќе ја потврдел довербата на делегатите бидејќи во изминатите  4 години ја стабилизирал и ја направол партијата
победничка. Опозицијата ја најави и новата доктрина по која ќе се водат откако ќе завршат. внатрепартиските промени.

Ако за 4 години Мицкоски ја стабилизираше партијата, наредните 4 години тоа ќе го направи во државата. ВМРО-ДПМНЕ останува народна, демохристијанска и центар десна, а сега сакаме малку да ја отвориме партијата. Сакаме во неа да се препознаваат сите. И она што е многу значајно тоа ќе биде партија за сите кои не сакаат корупција, а сакаат подобар животен стандард“ рече Николоски за радио Лидер.

Утре ќе знаеме и  кој ќе се смести во претседтелската фотеља на СДСМ, на „Бихаќка“ бр. 8. По неуспехот на партијата на локалните избори, Зоран Заев најави повлекување од премиерската претседателската функција во СДСМ. Сега има тројца кандидати за негов наследник – Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски. Во изминатите денови тие ги промовираа нивните програми и визии за идното функционирање на партијата. Кој ќе го наследи Заев одговор ќе дадат над 50.000 членови на СДСМ кои се впишани во партискиот избирачки список преку процесот на активна регистрација.

51.228 членови ќе гласаат за нов претседател помеѓу тројцата пријавени кандидати, сите кои имаат активно членство, но поради големиот интерес, членството ќе може да го активираат и утре со што ќе можат да гласаат – изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Од СДСМ информираа дека по изборот на нов претседател, ќе продолжат со организација за избирање ново партиско раководство по што ќе дојде темата и за нов мандатар во владата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста