Утре на собраниска седница ќе се бира Добрила Кацарска за уставен судија?

Најверојатно утре на дневен ред во собранието ќе се гласа за дали Добрила Кацарска ќе стане новиот уставен судија. Откако 12 членови на судскиот совет дадоа зелено светло за таа да седне на столчето на Владимир Стојановски чиј мандат истече, сега на ред се пратениците. Кацарска ќе стане дел од тимот на уставниот суд доколку точката биде изгласана со 80 гласа ЗА во законодавниот дом.

Судијката Кацарска има долг судиски стаж, над 30 години, моментално е судијка во одделот за организиран криминал и корупција, а била и претседателка на Кривичниот суд во Скопје. Сепак името на Кацарска за јавноста стана попознато откако ги осуди Никола Груевски, Гордана Јанкуловска и Ѓоко Поповски за набавката на мерцедесот, односно за предметот Тенк, како и за пресудените затворски казни на обвинетите за настаните на 27 април. Беше судија и во предметот „Триста“ на СЈО, како и во советот што го судеше предметот „Поткуп“, во кој обвинет беше Зоран Заев до преквалификацијата на обвинението. Таа беше и во фокусот на вниманието во врска со случајот со Душко Лазаров, кој две години пред да замине во пензија, наместо пензиониран началник, го доби епитетот обвинет, а подоцна и  осуден на затвор од дури 15 години, само зошто бил присутен во оперативниот штаб. Кацарска најпрво му дозволи на Лазаров да ја користи гаранција за бранење од слобода, а потоа без никакво објаснување истата му беше укината.

Името на Кацарска беше дел и од рекламната пропаганда на опозицијата на последните избори, судството во Македонија го нарекуваат Кацарска судство, симболично за да се покажела спрегата меѓу извршната и судската власт.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста