Утре ќе се знае дали ќе биде продолжен зимскиот распуст, лекарите бараат да се одложи почетокот

Комисијата за заразни болести уште денеска ќе ја разгледува состојбата со вирусот во Македонија, а веќе утре ќе треба да пресече како учениците ќе го почнат второто полугодие. Во опција се и онлајн настава, а и одложување на стартот на полугодието. Лекарите апелираат зимскиот распуст да се одложи за да се стабилизира состојбата со вирусот. Децата дополнително ќе бидат причина за ширење или да бидат изложени на вирусот во оваа рана фаза од Омикронот, чија преносливост е пет пати голема од таа на Делата сојот вели за Алфа доктор Мехмедовиќ.

  • За сегашните високи бројки не се во прашање училиштата, но тие можат да бидат дополнителен товар за тоа како се одвива епидемиолошката ситуација. Ние имаме среќа што Омикронот беше во период кога беше училишниот распуст, меѓутоа тоа не значи дека кога ќе се отворат училиштата ќе ја имаме истата состојба. Ние намавме можност да видиме додека беа отворени училиштата се шири Омикрон варијантата вели Мехмедовиќ за Алфа.

За Мехмедовиќ, намерното заразувањето со Омикрон ќе ја зголемат трансмисијата, а ако ширењето на вирусот стане уште по драматично, докторот гледа и зголемени хоспитализации.

  • Ако се зголемат хоспитализациите, се оптеретува здравствениот систем, и не е само болничкиот капацитет, матичните лекари се пренаработени. И имаат премногу работа, премногу пациенти кои што сега треба не само да ги дијагностицираат како Омикрон или како Делта, нека биде како Омикрон, меѓутоа имаат и пациенти кои што треба да ги следат после тоа. И не само кога ќе заврши болеста, некои може ќе имаат и долготрајни последици после тоа, и тоа ќе треба да го следат. Затоа ова е еден долгорочен проблем, кој е товар на здравствениот систем и од аспект на тоа велам да го растегнеме периодот на заразување колку што е можно повеќе вели д-р Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ информираше дека сериозни светски истражувања покажуваат дека како последица од вирусот  се појавува дијабет кај млади луѓе. Дури 31 процент од младите под 18 години добиваат шеќерна болест . Според Мехмедовиќ, брзите антиковид тестови се лесен начин граѓаните да детектираат дали сте позитивни или не на вирусот. Доколку брзиот тест е негативен, а се присутни симптомите на Омикрон, најдобро е да направи ПСР тест, смета Мехмедовиќ.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста