Утре без струја делови од неколку општини во Скопје

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.09.2021 година (петок), поради веќе закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат:

• во време од 09.00 – 14.00 часот корисниците на дел од ул. Пелистерска, згради бр. 2, 3 и 5 како и фирмата Фонографика (о. Карпош);
• исто така во време од 09.00 – 14.00 часот дел од Визбегово на Јадранска Магистрала меѓу фирмата Пантер Мис и дирекцијата на Нептун (о. Бутел);
• во време од 09.00 – 15.00 часот корисниците од ул. Злате Михајловски во Хром (о. Ѓорче Петров) и делови од Бардовци – ул. 4 и околните улички (о. Карпош).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста