Уставниот суд реши националноста да не се впишва во матичните книги

Уставниот суд реши националноста да не се впишва во матичните книги

Уставниот суд денеска го укина упатството за водење на матичните книги кое предвидуваше при вадење документи, како што е личната карта, граѓаните да се изјаснат на која националност и припаѓаат.

Со укинувањето на ова упатство во иднина граѓаните нема да мораат да се изјаснат како се чувствуваат односно во документите од матичните книги нема да пишува на која националност и припаѓаат. Упатството за водење на матичните книги во кое се предвидуваше изразување на националната припадност при вадење документи од матичните книги го потпиша министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај 2023 година. Во образложението за таквата одлука пишуваше дека со упатството, Министерството за правда сака дастави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста