Уставниот суд на Косово го призна правото на второрангираната партија да формира влада

Уставниот суд  на Косово му го призна правото на претстедателот на државата Хашим Тачи, мандатот за формирање нова влада, да го додели на второрангираната партија на парламентарните избори, откако на партијата предводена од Албин Курти, Собранието и изгласа недоверба.

Партијата на Курти инсистира на формирање дова влада единствено по нови избори. Од таму сметаат дека „успешното изгласување недоверба на една влада не води бездруго кон распуштање Собранието“.

Откако пред два месеци, на 25 март, беше изгласана недоверба на Владата предводена од Курти, претседателот на државата му го додели мандатот за формирање нова влада на Демократскиот сојуз на Косово  – ЛДК, како второрангирана партија на октомвриските избори.

Тачи неколку пати го повика ВВ да предложи кандидат за премиер, а откако партијата на Курти не одговори на неговите повици, на 30 април тој  му го додели мандатот на Авдулах Хоти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста